За да разберете точно што се случува во телото на оние што страдаат од нарушување на анксиозноста, прочитајте ги следниве скриени начини на кои оваа состојба навистина го разболува телото.
Постојано сте болни
Страдате од сува уста и проблеми со киселини во желудникот
Кога сте анксиозни и под стрес, вашето тело создава повеќе киселини. Ова води до создавање трајни проблеми со желудникот, кои порано или подоцна ќе почнат да ја сушат вашата устата.
Губите апетит
Сигурно сте забележале дека кога сте нервозни, немате апетит. Тоа се случува затоа што вашето тело е заглавено во поставката „бори се или бегај“. Едноставно не е нормално да застанете и да јадете во ситуации кога животот ви е опасност, а со оглед на тоа што анксиозност тело размислува така, вие автоматски го губите и апетитот и почнувате да слабеете без контрола.
Искусувате болки во градите
Вие немате срцев удар кога искусувате напад на паника, но чувството е исто. Тоа е затоа што кога сте анксиозни, вие го менувате начинот на кој дишете (вашето тело се подготвува да почне да трча за да избега од нешто). Овие нагли промени во нивото на кислородот можат да доведат до проблеми со дишење и болки во градите кои многумина ги поврзуваат со анксиозноста.
Се чувствувате како да ќе повратите
Кога сте анксиозни, тоа испраќа цел бран од различни хормони низ вашето тело. Еден од овие хормони е адреналинот што брзо го менува начинот на кој различни системи во вашето тело си работат. Еден од тие системи е гастроинтестиналниот, па ако сте сосема здрави, а имате чувство како да ќе се онесвестите или како да ќе повратите, тогаш дефинитивно имате проблем со анксиозноста.