Симптоми кои укажуваат на проблем со Ноќна апнеа

Прекинот на дишењето во сон (ноќна апнеа) е нарушување на спиењето што не е  лесно да се дијагностицира. Сепак, некои симптоми може да укажуваат на овој проблем.

Прв  симптом е исклучително гласно грчењето што одеднаш застанува и потоа, после прекин, продолжува. Ова е епизодата на апнеа.

Честа потреба за мокрење исто така може да биде симптом на ноќна апнеа, бидејќи е откриено дека пациентите со ова нарушување имаат зголемена екскреција (излачување) на сол и вода во текот на ноќта, што е поврзано со зголемување на нивото на ариопептин хормон во крвната плазма.

Немирен сон, ноќно потење и ненадејно будење се исто така ноќни симптоми на ова нарушување на спиењето.

Кога станува збор за дневни симптоми, обично се појавуваат замор и поспаност, како и проблеми со вниманието и недостаток на концентрација. Можно е дури и лицето кое пати од ова нарушување  да заспие во одредени ситуации како што се состаноци, предавања или возење автомобил. Поради недостаток на кислород, како последица од ноќта со прекини во сонот, се јавува утринска главоболка, а раздразливоста и лошото расположение.

главоболказаморноќна апнеапоспаностраздразливост