Главниот шведски епидемиолог кој стои зад стратегијата земјата да не биде затворена поради коронавирусот, призна дека требало да бидат воведени повеќе ограничувања за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Со месеци епидемиологот Андерс Тегнел го бранеше својот пристап со кој Шведска не воведе строги рестрикции како другите земји. Тој притоа ги критикуваше останатите земји за рестриктивните мерки како полицискиот час и слично.
Но, денес тој во интервјуто за Шведско радио се согласи дека во Шведска премногу луѓе починале како последица на коронавирусот.
„Кога сега би се соочиле со болеста, знаејќи го точно тоа што сега го знаеме, мислам дека би биле некаде на половина пат на тоа што го направи Шведска и тоа што го направи остатокот од светот“, изјави Тегнел.
Шведските власти не ја затворија земјата и се одлучија за градење на „колективен имунитет“, а тоа резултираше со најголема стапка на смртност во светот. Досега во земјата се регистрирани 38,500 заразени и над 4,400 починати како последица на Ковид-19.
За споредба, нивните скандинавски соседи Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1,100 починати