Според верувањата, левата страна води кон разврат и зло (Ѓаволот), а десната страна пак, кон напредок и среќа (Бог).
Многу често се користи фразата „станал на лева нога“, што би значело дека тој не е добро расположен или пак дека денот едноставно не му е добар.
Верувањето за левата и десната страна доаѓа од старите Римјани кои верувале дека ако со левата нога го допрете подот кога станувате, денот ќе ви биде баксузен и ништо нема да ви оди од рака. Затоа Римјаните се труделе секогаш кога стануваат од спиење, да станат на десната нога, а исто така и кога влегувале дома влегувале прво со десната нога, за да не си предизвикаат несреќа или пак зло во домот.
Интересно е и тоа дека англискиот збор „sinister“ што значи злобен или грешен, доаѓа од латинскиот јазик каде што „sinister“ во превод значи „лев“.