Што жените треба да јадат повеќе од мажите?

Ова се 10 најважни намирници кои имаат големо позитивно влијание врз женското здравје:

1. Лук

Лукот е неверојатно здрав (содржи антивоспалитени агенси, а богат е со витамините Б и Ц), но е посебно добар за женското здравје бидејќи го спречува ослабувањето на коските, заради што најчесто се појавува остеопороза.

2. Ореви

Тие се полни со протеини, влакна и омега-3 масни киселини, но, исто така, го намалуваат холестеролот и значително го подобруваат квалитетот на сонот. Некои истражувања покажуваат дека оревите го намалуваат ризикот од појава на рак на дојка.

3. Семки од тиква

Како и во случајот на чоколадо, семки од тиква се одличен извор на триптофан, киселина која се смета за природна „подобрувач“ на расположението.

4. Блитва

Блитвата е најдобрата алтернатива за кељот! Ниско калоричен извор на фитоестрогени, растителни стероиди кои помагаат во одржување на здравјето на нивото на хормоните. Таа е исто така одличен извор на железо, калциум, фолна киселина и витамините Б, Ц, Е и К.

5. Боровинки

Ги сметаат за природен крем против брчки! Боровинките (најдобри се дивите!) го спречуваат стареењето но и губење на меморијата, го намалуваат крвниот притисок и ја одобруваат моториката.

6. Црвени пиперки

Покрај тоа што е одличен извор на витамин А, црвена пиперка е и природно термогенична, што значи дека произведува топлина во телото и го стимулира метаболизмот. Тие, исто така, помагаат во намалување на апетитот и топењето на масните наслаги.

7. Зелен чај

Зелениот чај не е храна, но корисно е да пиете повеќе од овој чај, кој има многу антиоксиданси и состојки кои ја подобруваат функцијата на мозокот, го забрзуваат метаболизмот и зголемуваат трошењето на масното ткиво во телото.

8. Суво грозје

Покрај влакна, железо и витамин Ц, сувото грозје содржи и јаглехидрати кои го покачуваат нивото на енергија и одредени фитохемикалии кои се борат против расипувањето на забите.

9. Вишни

Ова овошје е богато со антиоксиданси и е корисно во борба против губење на меморијата, срцевите заболувања, високиот холестерол и дијабетесот. Плус: Сок од вишни значително го подобрува квалитетот на сонот!

10. Прокељ

Истaтa состојка која прави прокељот да има карактеристичен мирис е одговорна и за уништување на клетките на ракот во организмот! Никако немојте премногу да го варите, бидејќи на тој начин се губат сите негови здрави својства.

женијадењеоревипопуларнохрана