Што треба да направите ако ви крвават непцата додека ги миете забите!

Доколку при миење на забите забележувате крвавење на непцата, немојте да го игнорирате овој симптом!

Ако непцата крвават на допир, значи дека во устата има рана која претставува ново жариште за навлегување на бактерии во организмот.

Ако воспалението на непцата не се лекува, тоа напредува и уште подлабоко ги оштетува ткивата. Како последица од токсините, кои се произведени од бактериите и од воспаленијата, коската започнува да се разградува. Така, доведува до разлабавување на забите кои, во крајната фаза, паѓаат иако се здрави.

Најважна е хигиената на забите

Заболувањата на непцата може да се спречат со правилна секојдневна нега на усната шуплина и со редовна посета на стоматологот. Најдобро се спречува, а во најмногу случаи и лечи, со секојдневното рутинско отстранување на забните наслаги. Тоа значи секојдневно миење на забите со мека четка за заби и чистење на интерденталните простори. Овие постапки спречуваат таложење на забни наслаги на површините на забите.

забикрвавењенаслаѓинепцачетка