Што се случува со вашиот мозок ако користите мобилен во кревет?

Задолжително за оние кои „зјапаат“ во мобилните телефони пред спиење!

Освен што таканаречената сина светлина го лаже вашиот мозок дека е ден, а со тоа и го буди, во исто време го блокира и природното лачење на лептин и ви создава чувство на глад.

Поради ова, уште еднаш се потврдува дека сината светлина која потекнува од електронските уреди лошо влијае на здравјето и дека треба да спиете во мрак.

Кога очите ви се вперени во вештачка светлина, во темна соба, слабее и создавањето на мелатонин и се нарушува биолошкиот циклус.

Како последица на ова ќе се појават главоболки, несоница, заслабнат вид, намален имунитет, лошо памтење, но и се зголемува ризикот за кардиоваскуларни заболувања.

Затоа, воведете си строго правило кое ќе го почитувате – по гаснење светло, нема допирање на мобилниот телефон.

За да се ослободите од оваа навика потребно е мобилниот телефон да го оставате далеку од себе, па дури и во друга соба. Доколку ви е потребен будилник, набавете си часовник со аларм.

На овој начин ќе се спасите од лошата меморија и слабата концентрација, но и сигурно ќе го подобрите квалитетот на сонот и конечно ќе се будите поодморени наутро. Најдобро од сè е што природното лачење на лептин ќе се одвива непречено и ќе бидете помалку гладни кога ќе се будите наутро.

На некој начин, со исклучување на мобилниот телефон пред спиење, вие всушност внимавате и на својата витка линија.

мобиленмозокспиењетелефон