Што се случува со телото кога ќе се откажете од пушењето?

Сте решиле да се откажете од пушењето?

Она што се случува во вашето тело уште во првите 20 минути по прекинување на пушењето е неверојатно. Се разбира, процесот зависи од личност до личност. WhyQuit има објавено еден хронолошки редослед на настаните по престанок со пушењето.

Во првите 20 минути вашиот крвен притисок, телесната температура и пулсот се враќаат во нормала.
По осум часа непушење тутунскиот здив исчезнува. Нивото на кислород се враќа во нормала.
Во рок од 24 часа на ризикот од срцев удар се намалува.
По два дена, нервните завршетоци почнуваат да се регрупираат. Способноста за вкус и мирис се подобрува. За вкусот чуството е како од телевизор во црно-бела варијанта да сте поминале на таков во боја.
Во рок од три дена ќе дишете полесно. Може да одите и трчате побрзо.
По 2-3 месеци непушење циркулацијата се подобрува. Одењето станува полесно. Капацитетот на белите дробови се зголемува за 30 проценти.
Времето од првиот до деветтиот месец од откажување на цигарите ја намалува зачепеноста на синусите и останувањето без здив. Енергијата се зголемува.
По пет години непушење за 50 проценти е намален ризикот од рак на белите дробови, панкреасот или хранопроводот. Намален е и ризикот од мозочен удар.

вкусенергијапушењетелоцигари