Едно ново истражуање откри многу интересни сознанија околку чувствата на оние кои се вљубени.
Истражувањето, кое заеднички го спровеле два американски универзитети, покажува дека луѓето во врска добиваат поинаква перцепција за атрактивноста на другите личности.
Според научниците, тоа се прави несвесно и пред се за да се заштити сопствената врска. Тоа не знчаи дека луѓето навистина мислат оти другите се неатрактивни, туку тоа им е еден потсвесен начин да останат верни на партнерот.
Секако, постојат и луѓе кои немаат никаков проблем „да се вртат по други“ додека се во врска, но поголемиот број сепак се свесни дека треба да го зачуваат тоа што го имаат.