Што се случува кога ќе се прејадеме!

Еве неколку работи на кои треба да обрнеме внимание.
Што се случува кога ќе се прејадеме?
Храната може да оди само во два правца, во системот за варење или назад, од каде и дошла, преку повраќање. Прејадувањето може да предизвика лошо варење, кога стомачната киселина ќе зоврие во хранопроводникот. Желудникот е отпорен на киселина, но хранопроводникот не е.
Исто така, тогаш телото вложува поголема енергија во варењето, што не прави многу уморни или исцрпени.
Дали желудникот може да пукне од прејадување?
За жал, може. Наводно постои случај кога желудникот станал толку голем и пукнал од количеството на храна која се наоѓала во него. Една 23-годишна девојка имала 2.500 милилитри смеса во својот желудник, па тој отекол толку многу и бил преголем.
Дали може да се умре од прејадување?
Да, постојат неколку случаи на умирање од прејадување. Многу се ретки, но постојат.
варењепопуларнопрејадувањестомакумирање