Опаѓа либидото
Кога се работи за сексуалниот нагон, ако не го користите, почнувате да го губите. Кај луѓето кои свесно се воздржуваат од секс, се јавува летаргичност, опаѓање на виталноста и желбата за секс. „Далеку од очи, далеку од срце“ е фразата со кои некои пациенти на психијатарот Сари Купер ја ипаат опишано оваа состојба. Ова не важи за сите, секако. Некои луѓе имаат зголемена желба за секс кога немаат секс, намерно или случајно.
Следниот пат можеби ќе боли
Ова главно важи за жените, особено за оние кои влегле во менопауза. Кога нема редовна пенетрација, ѕидовите на вагината стануваат помалку еластични, а тоа предизвикува болка при сексуалниот однос.
Намалена влажност
Друга нус-појава од нередовната сексуална активност, посебно кај жените во менопауза, е намалената влажност на вагината. Тоа исто така се должи на намаленото лачење на хормонот естроген.