Колку често се случува ова? И, дали ја знаете разликата помеѓу срцев удар и срцева аритмија?
Фелисити Томлинсон, сестра на Луис Томлинсон од One Direction, трагично почина, на само 18 години, а се претпоставува дека причина за смртта е срцев удар.
Вестите не само што го натажија светот, туку луѓето беа шокирани од фактот дека некој толку млад може да умре од срцев удар.
Кардиологот Симон Редвуд тврди дека таквите случаи, како што веројатно претпоставивте, се исклучително ретки кај толку младата популација.
Сепак, тој истакнува дека иако срцевиот удар е водечка причина за смрт кај мажите на возраст од 45-54 години, последен пат забележано зголемување на срцеви удари кај младите жени.
Разликата помеѓу срцев удар и срцева аритмија
Срцев удар се случува кога коронарните артерии – артериите кои го снабдуваат срцето со крв – ќе се зачепат и ќе се запре протокот на крв и кислород до еден дел од срцето, што доведува до тој дел на мускулот да умре (ако веднаш не се лекува).
Срцева аритмија се случува кога срцето започнува да работи со ненормален (невообичаен) ритам кој не успева да пумпа крв кон останатиот дел од телото.
Причините за овие два различни типа на ненадејна срцева реакција кај младите луѓе се разликуваат.
Причини за срцев удар кај младите луѓе:
- Згрутчување на крвта
- Спонтана коронарна артериска дисекција (прекин на коронарните артерии што го блокира – може да се случи за време на прекумерен физички напор или бременост)
- Дрога, особено кокаин.
- Наследно лош холестерол (семејна хиперхолестеролемија)
Причини за срцева аритмија кај младите луѓе:
- Наследни кардиоваскуларни болести (на пр. кардиомиопатија)
- Нарушувања на електричниот состав на срцето (кои исто така се наследни)