Што помага при убод од оса или пчела?

Постои ефикасен начин да се избегне појава на оток и да се спречи болката при убод од пчела, оса или стршен.

Една таблета аспирин или андол се наквасува малку во вода и се става на местото на убодот.

Се држи една до две минути и потоа се отстранува.

Местото на убодот нема да се гледа, чешањето по убодот од овие инсекти престанува, а нема да се појави ниту оток, кој во други случаи може да потрае и по неколку денови.