Што открива бојата на жолчката на секое јајце?

Пред да почнете да јадете јајца, обрнете внимание на бојата на жолчката

Пред некои 100 години, научниците откриле дека бојата на жолчката на јајцето се одредува според бројот на каротеноиди што ги содржи. Тоа се антиоксиданси кои помагаат во формирањето на витамин А, кој пак помага да се подобри состојбата на нашите коски. Оттука, колку е побогата бојата на жолчката, толку повеќе здрави хранливи материи таа содржи.

Бојата на жолчката директно зависи од тоа како се хранела кокошката. Ако нејзината исхрана се темелела исклучиво на житарки, тогаш жолчката ќе биде со бледо жолта боја. Ако нејзината исхрана содржела пченка, билки и инсекти, тогаш бојата ќе има и повеќе од еден тон портокалово во жолчката.

Некои големи фарми на јајца користат посебни нијанси со 15 различни жолто-портокалови нијанси, за да се утврди квалитетот на нивните производи.

По правило е пожелно да се консумираат јајца кои имаат светло портокалови жолчки, затоа што содржат најголема количина материи кои му се потребни на нашето тело.

Понекогаш, бледата боја на жолчката е резултат на сезонските промени. Во зима, жолчките често стануваат посветли поради релативно малата количина на храна која им се дава на кокошките во овој период од годината.

Но во повеќето случаи, бледата боја е показател за низок квалитет на јајцата и послабо здравје на кокошките кои несат јајца.

Јајцата од овој вид нема да ни ја дадат потребната количина здрави хранливи материи кои ни се потребни.

Секогаш би требало да го проверите квалитетот на јајцата такашто ќе ги читате декларациите на кутиите во кои се наоѓаат јајцата. Обрнете внимание на присутноста на какви било синтетички бои кои се додадени и купувајте јајца сано од доверливи добавувачи, кадешто кокошките се чуваат во добри услови.

бојажолчкајајце