Што не треба да јадете пред, а што да јадете после вежбање?

Што да не јадете пред вежбање?

Готвена храна од претходниот ден: тестенините, оризот и компирите се одличен извор на јагленохидрати, но ако се јадат без додатоци (освен доматен сос) и силни зачини и ако се свежо приготвени. Помфрит: Пржената храна ќе ве забави во вежбањето, вели Мануел Вилјакорта, нутриционист и портпарол на Американското здружение за исхрана. Сигурно ви е повеќе од јасно дека треба да избегнувате брза храна воопшто, особено пред вежбање. Дури и грицките што содржат висок процент на заситени масти, како бадеми или лешници, може да ве омлитават. Салата од зеленчук: лесна салата од зеленчук звучи како одличен оброк пред вежбање, но не е така. Марулата, брокулите, зелката, карфиолот и другите зеленчуци богати со растителни влакна се најчест извор на дигестивни проблеми, како што се и јаткастите плодови и семки, велат експертите од Mayo Clinic. Сите овие спаѓаат во здрава храна, но не се погодни за оброк пред вежбање бидејќи не содржат доволно јаглени хидрати што се потребни за енергија. Газирани пијалаци: Енергетските и безалкохолните газирани пијалоци предизвикуваат гасови и подување, а содржат и многу шеќери. Можеби даваат многу енергија, но таа е краткотрајна и за брзо време ќе малаксате и ќе имате грчеви во стомакот.

Што да јадете по вежбање?

Внесувајте протеини за да ги заштитите мускулите од истегнување и воспалување, а наедно ќе ги обновите по вежбањето. Идеален избор за оброк по вежбање: oвошје и јогурт, oреви, oвесна каша, житарици и млеко, мешавина од ореви и суво овошје, свеж зеленчук, тврдо варени јајца (или белка од јајце), дробено сирење и овошје, половина путер од кикирики или сенвич со мисиркино или пилешко месо со леб од житарици, житарици со путер од ореви или сирење, колачиња со житарици или овошје, чоколадно млеко, сок од домати или некој друг зеленчук, јогурт (со зголемено ниво на протеини).

вежбањекалориипијалоцистомакхрана