Што му штети на црниот дроб?

Црниот дроб е од клучна важност за нормално да функционираат мозокот, срцето и општо целиот наш организам. Ги елиминира токсините и отпадните материи од телото, но ние често, со својата исхрана и начин на живот, воопшто не му ја олеснуваме оваа важна задача. Кога станува збор за исхрана, со избегнување на одредени видови на храна, можеме да направиме многу за здравјето на црниот дроб.

За почеток, ограничете го внесот на алкохол – во ред е да се напиете чаша црвено вино за време на ручекот, но прекумерната пиење на алкохолни пијалаци навистина негативно влијае на здравјето на црниот дроб. Според препораките на експертите, жените не треба да пијат повеќе од една, а мажите не повеќе од две алкохолни пијалоци дневно. Една чаша пијалок се мисли на 100 мл вино, 330 мл пиво (со 5% алкохол) или 60 мл жестоки алкохолни пијалаци.

Намалете го солот – прекумерната консумирање на солена храна дополнително го зголемува оштетувањето на црниот дроб. Наместо сол, користете комбинации од други зачини кои, благодарение на антиоксидантите и антиинфламаторните ефекти, дури придонесуваат за здравјето на црниот дроб.

Избегнувајте храна која содржи транс масти. Транс мастите, имено, го зголемуваат ризикот од безалкохолни масни заболувања на црниот дроб.

Шеќерот и производи од бело брашно исто така негативно влијаат врз здравјето на црниот дроб. Овие состојки доведуваат до ненадејно зголемување на нивото на гликоза во крвта и нивото на инсулин, проследено со остар пад на овие вредности, што на долг рок може да доведе до инсулинска резистенција. Вишокот на шеќер во крвта црниот дроб го претвора во маснотии, кои маснотии се складираат во поткожното масно ткиво, но и во самиот црн дроб. На овој начин, редовното консумирање на оваа храна може да доведе до развој на заболувања на црниот дроб.

токсинитранс мастицрн дроб