Што му се случува на организмот кога ги прескокнувате оброците?

Не си правите услуга, напротив...

Поради забрзаниот начин на живот повеќето луѓе ги прескокнуваат оброците и не стасуваат да изедат дури ни еден цел оброк во текот на денот.

Ваквиот начин на исхрана,односно, прескокнувањето на оброците, крие бројни замки. Ако сте на диета, на овој начин само ќе го забавите слабеењето, а ако се грижите за своето здравје, со прескокнувањето на оброците само ќе го нарушите.

Еве што му се случува на организмот кога прескокнувате оброци:

Страдаат кожата и косата: Ако е ова ваш начин на исхрана, кожата и косата нема да добијат доволно нутриенти, а резултатот е сува кожа и коса без сјај. Променете ги навиките и во исхраната внесете доволно намирници како домати, брусници, риба, а за пиење одберете го зелениот чај.

Мозокот исто така страда: Кога паѓа нивото на шеќер во крвта заради недостатокот од нутриенти, истото се случува и со метаболизмот, а тоа ги вклучува и метаболичките процеси во мозокот. Недостатокот од енергија во форма на глукоза влијае на расположението и на нивото на енергија. Значи, ако сте денеска посебно лошо расположени и уморни, јадете нешто!.

Се ослободува хормон на стресот: Ако редовно ги скокате оброците, се забавува работата на метаболизмот, но се ослободуваат хормони на стресот. Резултат на ова е честопати прејадувањето па на тој начин ќе внесете многу повеќе калории отколку што сте планирале.

Станувате погладни: Хормоните на стрес и оние кои се поврзуваат со зголемен апетит се ослободуваат ако поминат неколку часа без да изедете ништо. Гладта станува сѐ посилна и се јавува силна желба за слатки и непотребни калории.

Се јавува надуеност: Ако ги прескокнувате оброците има големи шанси да не внесувате во организмот доволно влакна и вода. Резултатот е  запек затоа што храната која ќе ја изедете воедно ја „турка“ веќе консумираната храна низ системот за варење.

јадење.организамоброкпрескокнат