Научниците откриле дека јадењето лук на празен стомак ја зголемува неговата ефикасност како природен антибиотик. Тоа се случува бидејќи бактериите се откриени и не можат да се одбранат од „страшниот лук“.
Лукот содржи околу 400 активни материи, богат е со витамини и минерали: аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.
Лукот има дезинфекционо, антибактериско и фунгицидно дејство, споредбено со најдобрите антибиотици. Најважната состојка на лукот е ахоин чиј ефект е подобар од дејството на аспирин.
Со редовна примена ја стимулира циркулацијата и го олеснува протокот на крв, го намалува зголемениот крвен притисок и маснотии во крвта, штити од болести на срцето. Одличен е и како антиоксиданс.