Што ги предизвикува досадните и тешки мигрени?

Иако сè уште не можеме со сигурност да потврдиме што ги предизвикува, постојат неколку причини кои се должни за појавувањето на омразените мигрени.

1. Менструација

Тој дел од месецот може да биде навистина лош за голем број од женската популација. Покрај илјадници други симптоми како болки во стомакот, половината, нозете и надуеност, појавата на мигрените е уште еден симптом кој придонесува да ги мразиме тие неколку денови.

2. Процесирана храна

Науката вели дека процесираната храна и храната со адитиви и конзерванси може да биде уште една причина за појава на мигрени. 

3. Промена на времето

Значителна промена на времето и температурата може да игра голема улога во појавувањето на мигрена. Особено во периоди на транзиција помеѓу две годишни времиња, оваа реакција е честа појава.

4. Наклонетост кон женска популација

Како да немавме доволно проблеми, па науката ни вели дека женската популација е посклона на мигрени за разлика од машката. Во детството ситуацијата е обратна, но како старееме работите се менуваат и овој проблем станува сè поголем женски проблем.

5. Мрзливо одење

Нашите родители нè предупредуваат да одиме исправени, особено во периодот на развојот односно тинејџерските години. И иако сите ние ги занемарувавме, науката вели дека мрзливото и искривено одење може да предизвика проблеми како лошите главоболки односно мигрени.

6. Недоволно или претерано спиење

Прекумерното или недоволното спиење може да предизвика појава на мигрени. Затоа можеби е подобро да се држиме до 7-8 часа квалитетен сон.

менструацијамигренапопуларнопопулацијахрана