Што е здраво да јадете во декември?

Сезонската храна е поефтина

Секако дека поскапо ќе ја платите брсуницата среде лето, отколку во есен. Со плаќање на храната го плаќате и нејзиното одгледување кое е значително поедноставно и поефтино кога храната се одгледува во време кога е тоа предвидено.

Сезонската храна е повкусна

Ако ги јадете намирниците кога им е сезона, ќе уживате во полно богатство на вкусови затоа што созревале во природни услови.

Сезонската храна е подобра за природата

Одгледувањето на погрешни намирници на погрешно место и во погрешен период од годината значи зголемено користење на хемиски соединенија кои не им штетат само на намирниците, туку и на природата.

Сезонската храна е поздрава

Како што хемиските соединенија за одгледување ќе ги нарушат лековитите својства на намирниците, исто така ќе имаат негативно дејство и на здравјето. Резултатот на ова е што јадете нешто за што мислите дека е здраво, а всушност го труете сопственото тело. Кога би јаделе сезонски, сигурно би јаделе и поздраво.

зеленчукпопуларносезонскахрана