Што да направите ако ви се заглави коска во грлото?

Обидете се со овие трикови

За време на божиќните пости има многу слави кои се чествуваат во Македонија и на нив рибата е едно од главните јадења на трпезата. Многумина обожаваат да јадат риба, но се воздржуваат од нејзино конзумирање поради малите и иритантни коски несакајќи може да ги голтнете и потоа со часови да се мачите да ги извадие или голтнете.

Рибата треба да се јаде полека, за да не дојде до проголтување на некоја од коските, но и дури и ако ви заглави коска не паничете, туку пробајте со овие трикови.

Најпрво пронајте да проголтате поголема корка од леб. Лебот веројатно ќе ја потисне и „однесе“ коската во желудникот, каде желудочните сокови брзо ќе ја растворат.

Сепак се случува коската да заглави така што дури и лебот не може да помогне… Во тој екстремен случај обидете се со лимон.

Исечкајте парчиња лимон и земете од сокот кој поминувајќи низ грлото ќе ја раствори коската.

грлокоскароба