Што да јадете за подобрување на имунитетот?

Ореви
Доволна е само една шака секој ден. Оревите имаат многу витамини, омега 3 масни киселини и други нутритивни вредности кои го штитат здравјето на срцето и мозокот. Грицкајте ги за ужинка.

Спанаќ
Спанаќот секогаш е опишуван како супернамирница. Во спанаќот има многу витамини – А, Б2, Б6, Ц, К и Е. Тој изобилува и со антиоксиданти, фитонутриенти, протеини, омега 3 масни киселини и калциум.

Грашок
Тој содржи лептин кој помага да се намали апетитот. Изобилува со витаминот Б, калциум, калиум и фолна киселина. Сето тоа е одлично за здравјето на мозокот и кожата, а помага и при висок крвен притисок. Грашокот е добар во превенцијата од мозочен удар.

Лосос
Лососот е неверојатно здрава намирница, а особено се препорачува див лосос, кој содржи поголема количина на нутритивни вредности. Лососот е сјаен извор на протеини, витамин Д и комплексот од витамини Б, но и омега 3 масни киселини. Лососот докажано штити од карцином, кардиоваскуларни тешкотии, депресија и многу дрги болести.

Боровница
Освен што се вкусни, боровинките исто така се полни со фитохемикалии кои служат во борбата против најразлични болести. Боровинките содржат и флавоноиди и влакна, а сето тоа може да помогне во борбата против карцином, дијабетес, срцеви болести, чир во желудникот и високиот крвен притисок. Боровинките го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта. Јадете ги секојдневно.

грашокимунитетлососоревиподобрување