Непријатната констипација по правило го оневозможува празнењето на цревата, но и сувата и тврда столица, исто така, претставува проблем. Доколку немате столица почесто од три пати неделно, лекарите сметаат дека страдате од запек и дека треба што побрзо нешто да преземете.
Производи кои можат да ви помогнат се оние богати со влакна, па се препорачуваат варената пченица, пченичните трици и овесот, како и лененото семе.
Можете да помешате по половина шолја пченични трици со малку со малку сок од јаболки и сок од сливи, па консумирајте ја оваа мешавина секоја вечер, со што повеќе вода. Почнете со неколку лажици и зголемете ја дозата ако нема резултати.