Штедливите светилки предизвикуваат рак? Според последните истражувања овие сијалици се добри за вашиот џеб, но лоши за вашето здравје, пишува Доктори.мк
Според последните истражувања штедливите светилки испуштаат канцерогени материи и не би требало да бидат пуштени долго време, да се наоѓаат во непроветрени простории, или најлошо, да се нaоѓаат до вашата глава. Истражувањето било спроведено во Берлин. Резултатите покажале дека овие сијалици испуштаат феноли, нафталин и стирен, супстанци кои се потенцијално канцерогени. Тие емитуваат дневна светлина со што го пореметуваат лачењето на хормоните и нормалниот циркадијален ритам на телото тврдат експертите. Па така тие доаѓаат до заклучок дека неонките се мали потрошувачи, ги штедат вашите пари, но не го штедат вашето здравје и затоа: не ставајте вакви светилки во детските соби, не оставајте ги да работат долго време и проветрувајте ја просторијата редовно.