Во моментов, во Градската општа болница „8-ми Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти. Тројца од нив се наоѓаат во критична состојба, додека пак останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа која се случи во близина на селото Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово. Еден пациент во текот на вчерашниот ден е пуштен на домашно лекување.
Во Клиничкиот центар во Скопје хоспитализирани се 6 пациенти, од кои 3 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца од нив се во стабилна состојба. Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Во моментов се изведува операција на пациентка од неврохирургија.
Пациентката која се наоѓа во тетовската болница е во стабилна и добра здравствена состојба.