Една третина од двојките откриле дека уживаат во сексот следното утро, додека секоја десетта двојка открила дека тоа се случува дури 48 часа по венчавката.
А кои се главните причини зошто младенците немаат секс на првата брачна ноќ?
1. Исцрпеност
Ова секако е првата причина, а и воопшто не зачудува со оглед на долгото планирање и организацијата на тој важен ден кој само по себе е мошне стресен. Иако тоа е денот кога се слави љубовта меѓу младенците, тие главно се фокусирани на гостите и на тоа како тие се забавуваат.
2. Премногу алкохол
Сите сакаат да наздрават со младенците, а чашка по чашка тие се повеќе се заморуваат и ја губат желбата за интимност. Уште ако не јадат или ако не можат да јадат ништо од возбуда…
3. Немаат поттик
Нештата повеќе не се како некогаш: за поголемиот дел од двојките, првата брачна ноќ не е ноќта кога ја губат невиноста. Поголемиот дел од луѓето пред првата брачна ноќ многу пати веќе имале секс и сега и не мораат. Ако тоа не го прават во обичните денови кога се уморни и поднапиени, зошто сега мора?
4. Дружење со пријателите и со семејството
На сексуалната магија можете да се препуштите било кој друг ден до крајот на вашиот живот, а ваквата ноќ се случува само еднаш во животот, во главно… Затоа сте одлучиле да останете на подиум со драгите луѓе и лудо да се забавувате, а се останато може да почека.
5. Сте се скарале
Иако мислите дека тоа не е возможно, едно британско истражување откри занимливи резултати: 32 отсто признале дека спиеле со најмалку двајца гости на венчавката, 20 отсто младоженци признале дека ги привлекла друга жена на денот на нивната венчавка, а невестите признаваат дека се уште се премислувале околу се, една ноќ пред венчавката. Се што е потребно за кавга е само потсетување на една од овие работи…
6. Ден за љубов, а не за секс
Послатката причина, од сите претходно наведени е и таа што младенците сакаат таа вечер да ја прослават нивната љубов. Кога ќе дојдете во собата и конечно ќе легнете во постелата, тоа често е прв пат да сте заедно сами откако сте го кажале судбоносното „Да“. Сега е време за разговор, трачеви или само гледање и галење, затоа што сепак сега сте сопружници.