Секој ден по 20-тина пациенти поради загадениот воздух бараат помош на пулмологија

По дваесетина пациенти секој ден поради проблеми со дишењето од аерозагадувањето бараат помош во приоритетната амбуланта на пулмологија која токму за оваа намена беше отворена минатата зима. Од Клиниката велат дека освен со приоритетен упат, случаи со влошено здравје и гушење евидентираат и во другите амбуланти преку “Мој термин”.
-Ако имам потреба ќе отвориме и втора амбуланта, изјави проф.д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија.

Но, не само пулмологија, зголемен број пациенти поради загадувањето има и на Детската Клиника, болницата во Козле и во другите здравствени установи кои третираат респираторни заболувања.
Инаку според статистиката на Институтот за јавно здравје од секој 4-ти смертен случај во Скопје се поврзува со загадениот воздух.

амбулантавоздухдишењезагадувањепулмологија