Сега веќе нема место за површност и несериозност во врска со корона вирусот, еве како да се заштитите сами

Справувањето со ширењето на опасниот коронавирус во нашата земја навлезе во посериозна фаза заради можноста со него да бидат заразени повеќе лица.

Затоа ајде секој сам да придонесе за својата заштита. Од спроведувањето и почитувањето на досегашните и новите превентивни мерки многу ќе зависи дали во земјава ќе се успее да се спречи ширењето на опасниот вирус. Заради тоа, сега е мошне важно граѓаните да ги почитуваат и применуваат следниве препораки:

  •  Стоење на дистанца со болни луѓе од респираторни инфекции бидејќи заразате се пренесува со секрети од болниот преку кашлање, кивање, плунка, течење од носот.
  •  Задолжително и често миење на рацете со сапун и вода. Може да помогне и чистач за раце што содржи алкохол.
  •  Да се избегнува допирање на лицето со нечисти раце.
  •  При кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или раката свиткана во лактот. Задолжително миење на раце потоа.
  •  Да се проветруваат просториите каде се престојува подолго, а има повеќе лица.
  •  Возрасните и граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.
  •  Избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик со корона вирусот.
  •  Да се одбегнуваат јавни собири на отворен и затворен простор.
  •  Задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризичните држави во период од 14 дена согласно листата на СЗО која секојдневно се надополува.
  •  Доколку имате или се сомневате дека имате симптоми на корона – вирусот (треска, кашлица, отежнато дишење), веднаш да се јавите во центрите за јавно здравство.
заштитакоронавирус