Се чекаат резултатите од обдукцијата која треба да даде одговор од што починала двеипол годишната Анастасија од Охрид. Во саботата дежурните лекари во охридската болница првично и дијагностицирале вироза, по дадената терапија состојбата на детето се подобрила и го пуштиле дома. После неколку часа девојчето повторно било донесено во болницата без срцева акција во бесознание и со проширени зеници. Ја реанимирале час и половина, но без успех.
Целиот случај околу медицинскиот третман на пациентката го испитува и посебна комисија при министерството за здравство. Ако има лекарска грешка мора да се одговара изјави министерот за здравство
-Ако има лекарска грешка ќе мора да одговара, како секој доктор или здравствен работник. Очекуваме резултати од аутопсијата. И ја ќе инсистирам ако има грешка да одговара, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Паралелно друга комисија го испитува и случајот со смрттта на тројката на скопска гинекологија.
-Првичните резултати од аутопсијата покажале дека новороденчињата имале проблеми со белите дробови, додаде Таравари.
И додека јавноста чека одговори за смртта на 6 деца за 1 недела, попладнето министерот за здравство Арбен Таравари на својот Фејсбук профил објави морбиден статус споредувајќи починатите со иселените.
- Здраво МВРО, пардон ВМРО,
Не се 6 деца, туку 500 000 луѓе избегаа од Македонија во вашите 11 години…Напиша министерот Таравари на Фејсбук