Сармата чувајте ја три дена во фрижидер, исто и печеното месо – Внимавајте со храната за празниците!

Доаѓаат Нова Година и Божиќ, градот е веќе украсен, еуфоријата почна. За секое семејство најважно е да биде заедно во овие денови, но и да блесне трпезата.

Сепак, најголемата „опасност“ која демне за празниците е рокот на храната, бидејќи понекогаш може да бидеме невнимателни, па да ја консумираме подолг период што може да доведе до проблеми со стомакот, па дури и до труење.

Нова Година и Божиќ се веќе традиционални со вкусни кифлички, сарма, сочно месо, салати и десерти.

Со подолго чување, дури и во фрижидер, храната развива микроорганизми кои придонесуваат за нејзино постепено расипување. Затоа внимавајте на ова:

Сармата се чува во фрижидер и тоа најмногу 3 до 4 дена. Ако се замрзне може да се чува и до 4 месеци.

Месото, особено ако на трпезата имате свинско печење, треба да се изеде најмногу за три дена.

Рибата е неизбежен дел од трпезата за Бадник. Побрзо може да се расипе, па изедете ја најмногу за два дена.

Салатите исто така траат 2-3 дена, не повеќе.

популарносалатасармахрана