Само 15 минути пешачење повеќе во текот на денот ја зголемува продуктивноста и го продолжува животот

Економијата во светот може да порасне за дури 100 милијарди долари годишно ако работодавците успешно ги охрабрат своите вработени да ги исполнат упатствата на Светската здравствена организација за вежбање, се вели во анализата за влијанието на физичката активност врз економијата.

Додавањето дополнителни 15 минути дневно одење или постојано трчање на еден километар на ден ќе ја подобри продуктивноста и ќе го продолжи животот, што ќе доведе до поголем економски развој, откриено едно истражување.

Економски поттик ќе дојде од пониски стапки на смртност. Со други зборови, повеќе живи луѓе би работеле подолго и би придонеле за економијата, велат авторите на студијата.

Ханс Пунг, претседател на РАНД Европа, рече дека студијата покажува „значајна врска помеѓу неактивност и губење на продуктивноста“ и треба да им даде на креаторите на политиките и работодавците „нови перспективи за тоа како да ја зголемат продуктивноста на нивното население“.

Светската здравствена организација препорачува дека сите возрасни треба да имаат 150 минути умерено или 75 минути енергично вежбање неделно. Минатогодишното истражување покажа дека околу 40% од возрасните во САД, 36% во Велика Британија и 14% во Кина не вежбале доволно за да останат здрави.

вежбањепешачење