Сакате ли за 7 дена да изгубите 7 килограми?

Главното правило на диетата е строго да се придржувате кон распоредот во текот на една недела. Првиот ден се јаде само овошје, ама само она што во себе содржи многу вода, а бананите се строго забранети. Принципот на диетата е да се јаде храна со која ќе изгубите повеќе калории отколку што ќе внесете. Првите три дена се најстроги, па тогаш се губат најмногу килограми. Се препорачуваат 10-12 чаши вода во текот на сите денови.

Во текот на целата диета треба да се внесуваат од 1.000 до 1.200 калории на ден.

1 ден

Овошје, најмногу лубеница, а никако банани. Може да се јаде овошје во неограничени количини, но сепак не претерувајте.

2 ден

Дозволен е секаков зеленчук, свеж или зготвен, а забрането е овошје. Започнете го денот со печен компир за да ја внесете потребната дневна количина на јаглехидрати.

3 ден

Комбинирајте го овошјето и зеленчукот од првите два дена, но не јадете банани и компири.

4 ден

Во четвртиот ден дозволени се 8-10 банани и 4 чаши млеко.

5 ден

Јадете домати (најмногу пест) и голема порција кафеав ориз.

6 ден

Во текот на овој ден се јадат една порција кфеав ориз и зеленчук.

7 ден

За појадок се јаде кафеав ориз и чаша свежо цеден сок, а во остатокот од денот се јадат овошје и зеленчук во неограничени количини.

бананидиетазеленчуковошјепопуларно