Прекумерната употреба на опијати претставува национална закана и оитребна е итна интервенција на властите, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп, додавајќи оти тоа е сериозен проблем за чие решавање е потребно многу време, труд и пари.
Неговата изјава уследи откако пред два дена одржа состанок со советниците за проблемите со користење на дроги и опијати во САД.
Трамп издаде наредба да се користат сите соодветни средства во борбата против кризата предизвикана од „епидемијата од опијати“.
Во САД во 2016 година околу 60.000 лица биле предозирани од препишани лекови против болки, како и од хероин.
Според проценките на Американското друштво за медицински зависности, од два до три милиони луѓе се зависни од пропишаните лекови против болки или хероин, а 90 лица секојдневно починуваат од предозирање во САД.