Руските научници пронајдоа лек за коронавирусот

Руските научници регистрирале нов лек кој може да помогне во ублажување на најсериозните компликации предизвикани од коронавирусот.

Според официјалните податоци „ Levilimab “ е вториот лек што доби државно одобрување преку брз механизам, применет за лекарите да имаат повеќе можности за борба против вирусот, кој веќе зарази над 459.000 во Русија и уби 5.725 луѓе.

Мислам дека ќе можеме да ги доведеме под контрола компликациите на коронавирусот и да ги намалиме најопасните проблеми што ги предизвикува. Со намалување на стапката на смртност, „ Levilimab“ ќе и овозможи на Русија да заштеди време пред да се направи вакцината против коронавирусот, а вакцината сигурно ќе пристигне наскоро, соопшти Дмитриј Морозов, генерален директор на Биокада, биофармацевтската компанија која стои зад лекот.

Лекот е насочен кон сузбивање на таканаречената „цитокинска бура“, честа компликација на коронавирусот кога имунолошкиот систем на болно лице претерано реагира на вирусот и прекумерното воспаление доведува до фатален исход.

Механизмот што се користи во Levilimab им е познат на истражувачите ширум светот. Но, сè останато беше направено од нашата компанија во Русија, од почеток. Постои оригинална патентирана молекула. Акцентот на Levilimab е дека може да се даде не само на пациенти кои веќе се во сериозна состојба, туку се користи и како профилактичко средство за да се спречат цитокински олуи и му овозможува на пациентот да избегне интензивна нега и вентилација на белите дробови, нагласи Морозов.

Лекот, кој ќе излезе на пазарот под брендот „ ILSIRA“, се применува хиподермички, за разлика од другите лекови, кои влегуваат во системот интравенозно.

Една доза и не завршувате на итна помош. Во пакетот има два шприца. Тие се земаат во исто време или со одреден интервал, а за една недела лицето ќе биде ослободено од болницата, рече Морозов.

извор:dosie.mk