Поголемиот број возрасни може да се сети колку уживале во тоа кога родителите им читале книги додека биле мали. Според едно ново истражување, родителите денес поминуваат четири пати повеќе време гледајќи во екраните на мобилните телефони или компјутери, наместо да им читаат на своите деца.
Возрасните поминуваат 90 минути на компјутер, телефон или друг вид на технологија, а само 25 минути во читање на децата, се вели во истражувањето кое го работело „Буктраст“.
Откриено е дека родителите ги прескокнуваат страниците додека им читаат на децата, ја завршуваат приказната пред крајот и одбиваат да им прочитаат друга приказна. Половина од анкетираните родители признале дека ова го прават кога се чувстуваат премоерени.
Во анкетата учестувале повеќе од две илјади родители со деца од 4 до 11 години.