Родителите го пренесуваат стресот на децата!

Родителите денес се под се поголем стрес поради работата, пари, недостиг на слободно време и се потешко ја контролираат нервозата. Но, нивниот стрес се пренесува на децата. За да се избегне тоа психолозите предлагаат неколку начини.

1. Важно е родителите да го насочат вниманието на себе, да научат да се релаксираат на кратко. Кога родителите се опуштени ги штитат и децата од стрес.

2. Децата го копираат однесувањето на родителите. Ако тие постојано се уморни, такви ќе бидат и децата. Ако родителите се под стрес или депресиција, децата ги усвојуваат облиците на однесување бидеќи мислат дека така треба.

3. Родителите треба да науачат да ги смират емоциите и да бидат смирени пред децата.

4. Исто така родителите треба да им објаснат на децата зошто се нервозни, но и да им кажат дека се ќе се среди.

5. Ако родителите не успеале да ја сочуваат ладнокрвноста пред децата, потоа треба да им се извинат и да им кажат дека тие не се виновни. Така децата ќе сфатат дека и возрасните можат да згрешат.

децаемоциипопуларнородителистрес