Ако бебето е настинато или многу уморно, ако ’рчи само повремено, тогаш ’рчењето не е причина за загриженост.
Но ако бебето на пример ’рчи четири ноќи во текот на неделата или почесто, некои работи би требало да ги знаете, пишува британски „Мирор“.
– Дишењето е автомаска работа, која е под контрола на мозокот. Во зависност од нивото на одредени материи во крвта, мозокот може да заклучи дали дишењето функционира како што треба, појаснува педијатарот Дејвид Мекинтош.
– Ако мозокот добие сигнал дека нешто не е во ред, се менува ритамот на дишење, со цел тој недостиг да се компензира. Проблемот со опструкцијата на дишните патишта (што се случува кога ’рчиме) е во тоа што дури и ако мозокот го препознае проблемот и ги зголеми напорите да вопспостави нормална фукција на дишењето, со тоа не се постигнува премногу, вели др. Мекинтош.
Кога дишните патишта не се проодни, нивото на кислород во крвта се намалува и мозокот тогаш почнува да „паничи“, што може да доведе до бројни пробеми.
Истражувањата на оваа тема, во текот на кои ја проучувал општата состојба на децата кои ’рчат, најмалку четири ноќи во текот на неделата, покажале дека кај нив се почести потешкотиите во одржување на вниманието, но и проблеми во социјализацијата, анксиозноста, депресивните симптоми, копгнитивните пореметувања, проблемите со помнењето…
Др. Мекинтош бил на чело на истражувањето во текот на кое се набљудувани илјада деца, во период од шест години, почнувајќи од шестиот месец од животот.
Анализата на податоците собрани во текот на оваа обемна студија покажала дека децата, кои ’рчат патат од апнеја во сонот, имаат значително зголемен ризик од горенаведените проблеми за дури 50 до 90 отсто зголемен ризик од дефицит на внимание и пореметување на хиперактивност во однос на децата, кои не ’рчат.
– Децата, кои на возраст од две или две и пол години имале застој во дишењето во текот на спиењето имале највисок ризик од хиперактивност, додека децата, кои подоцна ги надминале тие пореметувања во дишењето во сон и натаму имале нешто поголем ризик од децата, кај кои никогаш немало такви проблеми, кои би се манифестирале преку ’рчење, вели др. Мекинтош.
Ако забележите дека вашето дете ’рчи во сон и ако тоа се продолжи во текот на одреден временски период, така што повеќе не е исклучок, туку пред се правило, за тоа задолжително известете го педијатарот.