Во четвртокот починала родилка во приватната болница Санте Плус. 31- годишната жена од Кичево, на која ова и била прва бременост, починала за време на царскиот рез која и била ставена анестезија. Неофицијално, добила силна реакција од анестерзијата и неможела да дише. Дознаваме дека лекарите се обидувале да ја спасат и во тешка состојба го извадиле и бебето кое веднаш го транспортирале на Детска клиника. Оттаму велат дека бебето е во тешка состојба. Родилката ја префрлиле од Санте Плус на Карил, но таму веќе била мртва и не успеале да ја реанимираат.