Робот ќе оперира пациенти на скопските клиники од идната година. Како што информираше министерот за здравство за почеток роботот Да Винчи ќе го користат на Дигестивна, Урологија и Гинекологија. Претходно по двајца лекари од овие клиники треба да поминат обука во Бугарија за да да можат да работат со машината.
-Предноста е што тоа е минимално инвазивна хирургија, интервенцијата трае пократко време, пократко време трае и опоравувањето на пациентот, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.
Роботот Да Винчи чини околу милион и пол евра. Роботската хирургија Филипче ја најави од неговата матична клиника неврохирургија каде беше пуштена новата интензивна нега комплетно реновирана и проширена.
-Сега имаме 11 кревети во интензивната нега, изјави Владимир Рандевски, директор на Клиниката за неврохирургија.
Годишно во интензивната на неврохирургија згрижуваат и лекуваат околу 700 пациенти.