Резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус се негативни

Резултатот за присуство на корона вирус кај пациентката за која допатува од Рим, а која е една од двата дополнителни случаја што беа тестирани вчера на Инфективната клиника во Скопје e негативен, по утврдениот прв пациент со овој вирус.

– И двата случаја се негативни на вирусот. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19, соопшти Министерството за здравство.

Претходно, ресорниот министер Венко Филипче изјави дека тестираната пациентка со сопругот била на патување во Рим, и имала симпотоми слични на грип. Првиниот тест бил парцијално позитивен што, според Филипче, можело да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се направило дополнително тестирање за да се отстранат сомнежите.

Другиот тестиран пациент кај кој исто така резултатот е негативен е возач на камион кој патувал преку северна Италија.

Пациентката, пак, кај која беше потврден коронвирус се чувствува добро и нема посериозни компликации. Во текот на ноќта епидемиолози ги посетиле сите девет патници кои биле во комбето со пациентката со коринавирус, на пет локации, две во Скопје и три во Струмица.

Лицата со кои тие биле во контакт се веќе лоцирани и исконтактирани. И тие се наоѓаат во домашна изолација, а епидемиолозите на Центрите за јавно здравје од утринава се веќе на терен и ги анкетираат, согласно утврдената постапка.

Владата претходно ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека доколку во последниве 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето и да се јават на телефонските броеви во ЦЈЗ.

На тој начин ќе се соберат релевантните информации и ќе им се даде соодветен совет во зависност од ситуацијата. Во случај на појава на симптоми лицата да се јават на телефонските броеви:
• ЦЈЗ Битола 071/261-330
• ЦЈЗ Велес 071/219-278
• ПЕ Гевгелија 078/545-444
• ЦЈЗ Кочани 071/373913
• ЦЈЗ Куманово 070/215-851
• ЦЈЗ Охрид 070/723-029
• ЦЈЗ Прилеп 076/475-747
• ЦЈЗ Скопје 071/289-614
• ЦЈЗ Струмица 072/235-543
• ЦЈЗ Тетово 075/240-464
• ПЕ Гостивар 076/365-161
• ЦЈЗ Штип 078/365-613
• ИЈЗ Скопје 078/387-194
• ЗД Ало докторе 02/15-123

коронавирусрезултати