Рецептот ми го бараа и доктори од Австралија, а сега ви го откривам и вам!

Кога не помагаат лекарствата-ова помага!

„Овој лек е многу стар и на многумина им помогнал за повеќе потешки болести. Дека лекува бронхитис ви гарантирам од искуство на моја пријателка, која со години боледуваше и на крај заврши со пневмонија. И покрај толку внимавање и разни антибиотици, сепак секоја година ја повторуваше болеста. И тоа се случуваше се’ додека не го откри овој лек.

Овој рецепт не и помогна само на неа, туку и на сите други на и кои им беше потребен и го консумираа. Дури почнавме и како леток да го споделуваме. Кога не помагаат никакви лекарстава – ова помага!

На роднина од Австралија му го испратив зошто со години не му помагаа никакви лекарста за болеста што ја имаше, а од овој лек оздраве. Тамошните доктори веднаш му го побарале рецептот.“ – раскажува читателка за НМД.мк

ОВОЈ ЛЕК ЛЕКУВА:

Туберколоза, бронхитис и сите други белодробни болести, чир во стомакот, внатрешни воспалителни процеси, грип, ангина, цисти и миоми, хронични болести кои со години не можат да се излечат, го зајакнува имунитетот, проблеми со цревата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ЗА ЕДНА ДОЗА):

500 г Дифка-Цикорија, * кафето можете да го купите во Краш или во некоја од подобро снабдените продавници за здрава храна

700 мл старо црно вино, над 3 години

500 мл чист алкохол

300 г Алое кактус (листовите се мелат или блендираат. Билката треба да бида стара 1-5 години, колку е постара толку е полековита. Не смее да се полева 5 дена пред употреба).

400 г цветен мед со саќе

ПОСТАПКА:

Алоето го мелете и правите смеса од сите состојки. Го ставате во голема тегла завиткана во црна кеса и го оставате да стои во темна просторија 5-7 дена.

Потоа смесата се цеди низ пластична цедалка, се меша со дрвена лажица и се собира во темни шишиња кои се затвораат и се чуваат во фрижидер.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Првите 5 дена: се пие трипати по една кафена лажичка два часа пред јадење (кога се прима лекот не смее два часа ништо да се јаде).

Од шестиот до осмиот ден се зема по една супена лажица, 1 час пред јадење.

Терапијата трае три седмици, меѓутоа најдобро е да се испијат три дози. Кога завршувате со првата доза, втората треба да е подготвена и да започнете да ја правите третата.

Втората и третата доза се пијат со супена лажица а само првата со кафена.

Ова е летокот кој се споделува од 19– година:

болестилекрецептсите