Правилната нега на лицето е можно, но и пожелно со сосема природни препарати.
Доколку имате светла кожа, постари сте од 50. години и многу сте се изложувале на сонце, голема е веројатноста да имате кафеави флеки на лицето.
Претераното изложување на сонцето ги оштетува меланоцитите, клетки кои прозиведуваат пигменти на кожата. Поради тоа тие почнуваат претерано да го создаваат кафеавиот пигмент меланин, односно флеки на кожата.
Хиперпигментските флеки не се опасни, а главно се појавуваатг на делови на кожата кои се најизложени на сонцето, а тоа се лицето, рацете, рамениците, вратот, градите и грбот.
Ако имате проблеми со флеките, искористете ги овие намирници кои ќе ја посветлат а воедно и ќе ја нахранат вашата кожа.
Три природни решенија за флеки:
1. Лимон
Лимонот го содржи моќниот антиоксиданс на витаминот Ц кој ја осветлува кожата. Неговата природна киселина исто така делува како средство за осветлување и избелување на темните флеки на кожата.
Примена: исцедете сок од лимон и нанесете го на флеките, два пати дневно неколку месеци. Оставете лимонот да делува на кожата цеда ноќ, во рок од два месеци откако ќе почнете да го применувате свежиот сок од лимон би требало да забележите позитивни промени на својата кожа.
Напомена: додека го користите сокот од лимон не се изложувајте на јако сонце бидејќи тој ја зголемува чувствителноста на кожата на сонцето.
2. Јогурт
Тука, секако, мислиме на обичен јогурт,и без додаден шеќер. Тој содржи млечна киселина која има својства на ексфолијант и делува на избелување на кожата. Освен тоа, јогуртот ја навлажнува кожата и дополнително ја храни и негува. Јогуртот содржи важни витамини за кожата, витамините Б5 и Б12, во јогуртот ја осветлуваат кожата и ги намалуваат темните флеки, додека витаминот Б2 ја поттикнува нејзината обнова и растот на новите клетки.
Примена: секоја ден, на флеките, нанесувајте јогурт во тенок слој. Оставете да делува 20. инна минути па измијте од кожата. За уште подобро делување направете го овој природен избелувач за флеки: 1 лажичка јогурт измешајте со 2 лажички брашно од овес и 1 лажичка свеж сок од лимон па нанесете на флеките и оставете да делува околу половина час. Потоа измијте со обична вода.
3. Оцет од јаболко
Оцетот од јаболко содржи сумпор, кој има анти-ејџ делување, како и алфа-хидроксилна киселина, која има својство на ексфолијант и ги осветлува флеките на кожата.
Примена: парче пуфер натопете во оцет од јаболко и намачкате ги флеките. Оставете да делува 20.инна минути па измијте. Ако имате многу чувствуителна кожа, разредете го оцетот со малку вода.
За да ја ублажите оцетната киселина можете да ја помешате со малку маслиново масло.
Напомена: во почетокот на примената можно е лесно црвенило и пецкање на кожата. Тоа нека не ве загрижува – кожата наскоро би требало да се навикне на тоа.