Пролетниот период често се карактеризира со алергии и други настинки предизвикани од намалениот имунитет.
Затоа често ни е потребна витаминска „инјекција“ која ќе ни помогне да ја вратиме силата и да се бориме против настинките.
Овој рецепт ќе ви помогне во тоа.
Потребни состојки:
Два моркова
Едно стапче целер
Сок од еден лимон
Сок од еден портокал
Едно јаболко
Една банана
Малку мед (по желба)
На врв на лажичка ѓумбир во прав
Една чаша вода
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека да добиете сок. Разредете со вода доколку ви е преконцентрирано.
По кратко време ќе забележите дека имате повеќе сила и дека здравјето значајно ви се подобрува.