РЕЦЕПТ: Оваа смеса ќе ви помогне да ги прочистите цревата

МЕДИЦИНСКИ ЏЕМ

Причините за запек може да бидат многубројни, од премалку движење, па стрес, терапии, витамини, слабо пиење вода, а може и да е нуспојава на други болести.

Затоа е важно да се испробаат сите можни опции, за да може да се испразнат цревата, за да се избегнат други здравствени нарушувања.

Еден природен лек се урмите, кои се сметаат за извор на природни влакна и минерали, кои се неопходни за правилна работа на цревата. Содржат многу природен ше’ер кој е лесно сварлив. Луѓето со анемија треба редовно да ги јадат.

Доколку имате проблем со запек и празнење на цревата, можете да пробате со џем од урми.

Потребни ви се:

150 гр урми
150 гр суви сливи
400 мл зовриена вода

Подготовка:

Исецкајте ги урмите и сливите. Налејте ја зовриената вода и варете додека не се згусне смесата. Можете да го јадете со лажичка или да го мачкате на кекс, леб или да го додадете во житни снегулки.

запекмедицинскоцреваџем