РЕЦЕПТ: Домашен сок за вечно здравје

Сок кој е извор на здравје

Можеби го пиете само во вид на коктел, како Bloody Marry, но сокот од домати навистина би требало редовно да се најде во вашето мени, нормално без алкохолни додатоци.

Од вообичаените антиоксиданти се застапени витамините Ц и Е и бета-каротен, а од минералите калиум и манган. Содржи и флавоноиди, флавоноли и каротеноиди во кои е вклучен и најпознатиот фитонутриент на доматот – ликопен, кој помага во борбата со канцерогените клетки и е делотворен при многу болести.

Ги обновува комуникациските канали меѓу клетките и помага во елиминирањето на канцерогените материи и токсините од телото, а заслужен е и за црвената боја на доматот, и претставува сојузник во борбата против бројни компликации и болести.

Овој силен антиоксидант го штити нашето тело од слободните радикали и предвременото стареење и го регулира нивото на масти во крвта. Нашето тело не може само да создаде ликопен, поради што е потребно да го внесуваме преку храната.

Доколку не сте љубител на свежиот домат, не се грижете – искористливоста на ликопенот е подобра ако го консумирате зготвен.

Затоа експертите препорачуваат секој ден по една чаша сок од домати.

доматенздравјесок