Дијабетес тип 2 почесто го добиваат луѓето кои работат во смени, покажало големо меѓународно истражување објавено во списанието Occupational and Environmental Medicine. Откриено е дека најранлива категорија се оние чии смени се ротирачки. Поради нарушување на биоритамот доаѓа до ширење на струкот, пореметување на хормоните и спиењето а сето тоа го зголемува ризикот. Британската организација за дијабетес им порачува на работниците кои работат во смени да се хранат поздраво.
Дијабетес тип 2 може да доведе до слепило, го зголемува ризикот од срцев напад и мозочен удар, а значително ги зголемува шансите за ампутација на ногата.
Истражувања во лаборатории за спиење покажаа дека кога едно лице се тера да заспие во погрешно време од денот, во рок од неколку недели може добие рана фаза на дијабетес 2
Сега анализата на податоците за 226.652 луѓе ја зацврстила врската помеѓу спиењето и дијабетес.
Во Велика Британија 45.000 возрасни имаат некоја форма на дијабетес, претежно тип 2
Кинеско истражување открило дека работниците во мсени имаат за 9 отсто поголем ризик да забоат од дијабетес тип 2.
Кај мажите, ризикот бил дури 35 проценти и според експертите тие мора да посветат поголемо внимание на превенција на дијабетес.