Жителите на Драчево, Петровец, Чучер Сандево и Глумово и повеќе од 40 минути чекаат Брза Помош. Пунктовите кои беа отворени пред 2 години се нефункционални. Пациентите кои ги затекнавме пред драчевската поликлиника велат дека медицински тим имало само првите неколку месеци по отворањето на пунктот за итна помош. Револтирани се дека иако се голема населба, нема ниту доволно доктори ниту амбулантно возило кога на некого животот му виси на конец.
-Овде имаше возило првите десет дена откако го отворија. Сега нема ништо. Овде најмалку десет луѓе умреле на клупа чекајќи да дојде Брза Помош. Овде брза помош не се добива на време, се чека едно 35 – 40 минути, додека дојде од Аеродром, велат револтирани граѓани.
Стенд уп ..Пунктот за итна медицинска помош во поликлиниката Драчево беше отворен пред три години за повеќе од 35 000 жители од населбата да добиваат навремена итна медицинска помош. Но денеска нема ниту возило ниту кадар.
Заминувањето на лекари во странство или во приватното здравство како и големиот број на пензионирања се дел од причините за нефункционирањето на приградските пунктови за итна медицинска помош. Проблем, според првите луѓе на скопските поликлиники е и немањето на доволен број амбулантни возила.
-Овој проблем го наследдивме кога ја презедовме раководната функција. Согласно ветувањата на надлежните, треба да добиеме и нови вработувања и нови возила за Брза Помош, но и тие нема да бидат доволни за целосно решавање на овој проблем. Во иднина ќе бараме дополнителен кадар за да можат да функционираат и овие пунктови, велат за Сител од менаџментот на Здравствен Дом Скопје.
Пунктовите во Петровец, Глумово и Чучер Сандево беа официјално отворени во 2016, а во Драчево една година претходно.