Пудрата на „Џонсон енд Џонсон” предизвикува рак на јајници!

Суд во Лос Анџелес пресуди дека светски познатиот бренд „Џонсон енд Џонсон” ќе мора да и исплати отштета на една жена од Калифорнија во висина од 417 милиони долари, бидејќи беби пудрата од таа компанија, којашто таа ја користела поради хигиена, и предизвикала рак на јајниците.

Во тужбата, Ева Ечеверија истакнува дека компанијата не ја предупредила од ризикот од рак на адекватен начин, пренесува Танјуг.

Адвокатот на оштетената изјави дека неговата клиентка веќе умира и дека само сакала да им помогне на други жени кои добиле рак на јајници од производите на „Џонсон енд Џонсон” последниве 20, 30 години. Претходно, во слични процеси во Сент Луис, изречени се четири, исто така, милионски пресуди против компанијата.

Компанијата најави жалба на пресудата.

пудрарак на јајницисудтужбаџонсон енд џонсон