За да ја зголемите шансата за воспоставување нови пријателства – но и за овој свет да биде поубаво место – насмевнувајте се често на непознати лица, на улица, во редовите во продавници, во фитнес-центарот, во автобус.
Поголемиот број на луѓе уверени се дека пријателите се свесен избор, но психолозите тврдат дека се работи за – случајност. Често се случува да се зближиме со лица за кои никогаш не би претпоставиле дека можат да ни станат добри пријатели.
Честиот престој во близина со некое лице, како и истите интереси, всушност е одлучувачки фактор за склопувње на пријателство. Се случува пријателствата да се формираат дури и меѓу познаници кои, на пример, сосема случајно, речиси секојдневно се сретнувале во иста продавница.