Првите анализи покажуваат дека водата во трите природни езера во Македонија е безбедна за капење

И годинава, пред почетокот на летната сезона Институтот за јавно здравје направил проверка на квалитетот на водата во природните езера во државата. Биле земени примероци од повеќе мерни места во трите езера.

-Имаме готови резултати за Охридско и Дојранско езеро, и во поглед на микробиолошката исправност, можам да кажам дека се безбедни за капење и тоа е од анализите на примероците земени во мај. Повторно ќе има проверка и во јуни, вели проф. д-р Михаил Кочубовски, раководител на секторот води во ИЈЗ.

Во текот на неделата треба да бидат готови и резултатите за безбедноста за капење во Преспанското езеро. А сите води во државата повторно ќе бидат контролирани и во јуни.

 

анализиводаезераијзпримероци